Наполи: Цената за Кварацхелија изнесува…

Навивачите на Наполи полека се помируваат со фактот дека идното лето ќе останат без услугите на двете најголеми ѕвезди Виктор Осимен и Квича Кварацхелија. И додека Осимен е на пат кон ПСЖ за околу 120 милиони евра, за Кварацхелија одамна има интерес од гигантите.

Сега е познато колку Наполи бара за неговите услуги. Станува збор за цифра од 100 милиони евра, или речиси 10 пати повеќе од она што го платија кога го доведоа Грузиецот во Неапол.

Според информациите на „КалчоНаполи24“, Де Лаурентис нема да може да одолее на понуда од 100 милиони евра. Сепак, во исто време наполитанците работат и на негов нов договор, кој во моментов е со важност до 2027 година.

Се вчитува...