Анчелоти е првиот тренер со 200 натпревари во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е првиот тренер кој има 200 натпревари во Лигата на шампионите. Овој јубилеј тој го забележа со Манчестер Сити во Мадрид кој заврши 3-3.

Второто место по оваа бројка е екс тренерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс фергусон, кој има 190 натпревари во ЛШ. Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер со 178 меча.

Пеп Гвардиола е со 168 меча, додека Мурињо има 145 натпревари во ЛШ.

Карло Анчелоти има четири трофеи во ЛШ како тренер, двапати со Милан и двапати со Реал Мадрид.

Се вчитува...