Охрид игра навистина одлична сезона, како вистинско освежување за домашната Суперлига, поради што клубот веќе сериозно размислува и за следната сезона која ќе ја очекува со далеку повисоки амбиции.
Токму во таа насока е и најавата за сериозно засилување на тимот со искусниот српски репрезентативец, пикерот Живан Пешиќ. Како што информира „Балкан-Хендбол“, 32-годишниот актуелен ракометар на Војводина веќе е договорен за трансфер во Охрид од следната сезона.
Пешиќ има повеќе од богата кариера, настапувајќи и за еден од најдобрите европски клубови, унгарски Веспрем. Има настапувано и за Целје, Адемар Леон, Нексе, Партизан и Хапоел Ришон, а беше дел и од српската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА