Натпреварот помеѓу Чикаго и Њујорк во НБА лигата го одбележа несекојдневна ситуација во која домашните кошаркари наместо да постигнат лесни поени завршија како материјал за потсмев на социјалните мрежи.
Имено, на почетокот на втората четвртина по украдена топка на Драмонд се отвори контра напад за Чикаго, но наместо лесна реализација и намалување на негативата, тандемот Крег – Драмонд доби номинација за најлошиот потег во историјата.
Крег сакаше да приреди атракција забивајќи со додавање од таблата, но неговата намера не ја сфати Драмонд кој мислеше дека асистенцијата е за него. Двајцата скокнаа по топката и си посметаа во реализацијата.
Интересно, европските кошаркарски фанови веднаш се запрашаа што би направиле темпераментните тренери Жељко Обрадовиќ и Шарунас Јасикевичиус доколку ова се случеше на нивниот тим.
Gracias a los Chicago Bulls por dejar la que ya es una de mis jugadas favoritas de la historia de la NBA. pic.twitter.com/adBQE23olH
— Enrique García (@KikeGarcia41) April 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

