Дончиќ надмина рекорд стар 40 години (ВИДЕО)

Далас Маверикс стигнаа до 15 победа во последните 17 натпревари откако изминатата вечер славеа со убедливи 104-130 на гостувањето кај Шарлот благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ кој забележа нов трипл-дабл учинок.

Словенецот го предводеше својот тим со 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции забележувајќи го 21. трипл-дабл учинок во сезоната, односно 77. во кариерата со што се изедначи со Џејмс Харден на осмото место на вечната листа кога станува збор за оваа статистика.

Покрај тоа изминатата вечер Дончиќ постави и нов рекорд по бројот на постигнати поени во една сезона во франшизата на Далас. Асот стигна до бројката од 2341 постиганти поени, а рекордот кој досега го држеше Марк Агире изнесуваше 2330 поени постигнати во сезоната 1983/84.

„Многу ми значи тоа. Играм за франшиза која ме одбра на драфт и ми даде клучеви во раката. Среќен сум што сум тука“, изјави Дончиќ по натпреварот.

Се вчитува...