Женската тениска репрезентација на Македонија загуби од Хрватска во второто коло на Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг купот.
Двете наши тенисерки загубија во првите два индивидуални натпревари, по што Хрватска поведе со 2-0 за победа осигуруна уште пред мечот во двојки.
Магдалена Стоилковска загуби од Бошковиќ во два сета со 5-7 и 2-6, а нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и покрај тоа што го доби првиот сет загуби од Антониа Ружиќ (210.место на ВТА листата) со 7-5, 2-6 и 2-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

