ПСЖ ќе ја пречека Барселона во првиот четвртфинален дуел од Лигата на Шампионите, меч за кој Луис Енрике се соочува со сериозен проблем пред пресметката со својот поранешен клуб. Позицијата десен бек вообичаено е резервирана за Ашраф Хакими, но Мароканецот поради суспензија нема да може да настапи на вечерашниот дуел. Мукиеле, кој вообичаено е резервна опција за овој дел од тимот неодамна се повреди и исто така отпадна од комбианција, оставајќи го Енрике без класичен десен бек во составот, па оваа улога најверојатно ќе му биде доделена на младиот Заире Емери.
Барселона најавува офанзивна тактика со Рафиња и Јамал како поддршка за најистурениот Роберт Левандовски, додека Жоао Феликс ќе чека шанса во вториот дел. Одлична вест за Чави е што Френки де Јонг ги надмина проблемите со повредата и ќе може да помогне на овој значаен дуел, за разлика од Педри кој се уште не е подготвен за камбек на терените.
Атлетико Мадрид во речиси комплетен состав ќе ја пречека Борусија Дортмунд, „во аут“ е само Мемфис Депај, но Холанѓанецот секако важи за резервна опција во плановите на Диего Симеоне.
На спротивната страна, кај Борусија ќе недостига Мален, кој игра во одлична форма сезонава, но „милионерите“ во секој случај ќе тргнат офанзивно, со Филкруг како најистурен и поддржан од Санчо, Брант и од Карем Адејеми.
ПСЖ – БАРСЕЛОНА
ПСЖ: Донарума, Маркињос, Хернандез, Мендеш, Заире Емери, Витиња, Угарте, Руиз, Дембеле, Баркола, Мбапе.
Отсутни: Хакими, Мукиеле, Кимпембе.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Кубарси, Кансело, Кристенсен, Де Јонг, Гиндоган, Јамал, Рафиња, Левандовски.
Отсутни: Балде, Гави, Педри.
АТЛЕТИКО М. – БОРУСИЈА Д.
АТЛЕТИКО: Облак, Лино, Азпиликуета, Хименез, Молина, Витсел, Коке, Де Пол, Љоренте, Гризман, Мората.
Отсутни: Депај.
БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Марсен, Шлотербек, Хумелс, Сабицер, Џан, Брант, Санчо, Адејеми, Филкруг.
Отсутни: Бансебаини, Мален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА