Забавна е атмосферата во таборот на Лил откако оваа екипа славеше минатиот викенд над Олимпик Марсеј со 3-1, продолжувајќи ја серијата без пораз и зацврстувајќи се на четвртото место на табелата.
Тренерот Пауло Фонсека пред дербито со Олимпик ги мотивираше своите фудбалери со јавно дадено ветување – дека ако тимот победи тој ќе го однесе косовскиот репрезентативец Едон Жегрова во шопинг.
Жегрова е еден од најстандардните во таборот на Лил сезонава, овој играч не успеа да се запише меѓу стрелците, но целта беше исполнета – Лил стигна до бодовите, а Фонсека не го заборави даденото ветување.
Така, денеска беше објавено видео од шопингот во кој фудбалерот на Лил се поднови со нова гардероба, а сметката ја плати – неговиот тренер…
🛍️ | Lille manager Paulo Fonseca promised Edon Zhegrova that if they were to beat Marseille, he would take him shopping to get a whole new wardrobe.
Lille won 3-1 and Fonseca kept his promise!
👕😂
— Próxima Jornada (@ProximaJornada1) April 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА