„Овој тим на Милан е многу подобар од оној што го освои скудетото“

Милан во вистински момент влезе во победнички ритам и се искачи на второто место на табелата во Калчо-лигата. Градскиот ривал Интер е недостижен во трката за титулата, но „росонерите“ мора да бидат презадоволни од формата во која се наоѓаат во клучниот дел од сезоната, во која овој тим ќе се обиде да стигне и до трофејот во Лигата на Европа.

Исмаел Бенасер се врати на терените по тешката повреда на коленото, а алжирскиот интернационалец не крие дека е импресиониран од квалитетот на овој играчки ростер на Милан.

„Ова е понаков Милан од оној со кој стигнавме до титулата. Мое лично мислење е дека сме уште посилни отколку пред две години. Имаме различни играчи со сосема различни квалитети, со што можеме да се адаптираме на секој противник. Во тимот владее победничка атмосфера и тоа ни помогна да влеземе во ваква триумфална серија“, изјави Бенасер.

Следен предизвик за „росонерите“ е утрешниот домашен дуел со Рома во четвртфиналето од Лигата на Европа.

„За голем дел од нас ова би бил прв меѓународен трофеј во нашите кариера, затоа ќе дадеме се од себе не само да стигнеме да финалето, туку и да славиме во него. Кога си дел од Милан нормално е да имаш менталитет да сакаш да освоиш се што може да се освои. Фокусирани сме на дуелот со Рома и верувам дека ќе стигнеме до позитивен резултат“, порача Бенасер.

Се вчитува...