Лудиот Русин повторно имаше свое шоу: Го изгубив е*ениот гем поради тебе, смешен си…

Најдобриот руски тенисер Даниил Медвједев победи во второто коло на АТП мастерсот во Монте Карло славејќи против Французинот Гаел Монфис со максимални 2-0 (6-2 и 6-4) и се пласираше во третото коло. Сепак и овој меч на „лудиот Русин“ не помина без проблеми и без инциденти.

Контроверзниот Русин за време на натпреварот сериозно се пресмета со судијата Мохамед Лајани поради наводна грешка, по што вербално го нападна Швеѓанецот.

„За што ми се извинуваш?! Го изгубив е*ениот гем. Стануваш смешен затоа што не можеш да видиш ништо подалеку. Топката беше на линија“, викаше Медведев по Лајани. 

Видеото можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...