Одбиена жалбата на обвинителството, Дани Алвеш останува на слобода

Дани Алвеш останува на слобода, откако судот во Барселона ја одби жалбата за неговото привремено ослободување од затвор со платена кауција, пренесува француската агенција АФП.

Во февруари оваа година, судот во Барселона го осуди трофејниот фудбалер на четири и пол години затвор за силување жена во ноќен клуб. Алвеш беше ослободен на 25. март, откако беше исплатена кауција во износ од еден милион евра.

Обвинителството и правниот тим на граѓанската партија на чело со Естер Гарсија поднесоа жалба на таа одлука, но нивната жалба беше одбиена и Бразилецот останува на слобода.

Откако беше платена кауцијата, судот го ослободи Алвеш, но му го одзеде и бразилскиот и шпанскиот пасош. На поранешната ѕвезда на Барселона и е забрането да ја напушти Шпанија и мора да се јавува на суд секој петок.

Се вчитува...