Пари Сен Жермен и Барселона играат неверојатен натпревар на „Паркот на принцовите“ каде во моментов е 2-2 во првиот четвртфинален дуел од двомечот во оваа фаза во Лигата на шампионите.
Откако Каталонците имаа водство од 0-1 по првото полувреме со голот на Рафиња, „светците“ израмнија на 1-1 преку поранешниот фудбалер на Барса, Усман Дембеле во 48. минута. Само три минути подоцна ПСЖ стигна и до целосен пресврт со погодокот на Витиња во 51. минута.
Ново возбудување во мечот донесе Рафиња кој со својот втор погодок во 62. минута по неверојатната асистенција на Педри израмни на 2-2.
Paris Saint-Germain 2 – [2] Barcelona – Raphinha 62’
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА