Чави Ернандес очекувано задоволен по победата на Барселона над ПСЖ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите во Париз.
Со навистина мудра игра Барселона дојде до победата од 2-3, демонстрирајќи карактер во второто полувреме што пресуди за триумфот. Сепак, Чави смета дека работата за пласман во полуфинале се уште не е завршена, а синоќешната победа ќе мора да се потврди и на реваншот во Барселона.
„Ова беше навистина голема победа за нас, на многу тешко гостување. Тактички бевме многу добри, одлично го затворивме Мбапе, создадовме многу шанси, а Рафиња и Левандовски ја направија разликата во нападот. Навистина сум среќен и горд на мојот тим. Треба да бидеме посебно горди на Јамал, Кубарси и Фермин. Тоа се играчи кои доаѓаат од Ла Масија и кои ја претставуваат Барселона во вистинска смисла на зборот. Ова е една нова Барса и среќен сум како се развиваме. Тимот е на вистинскиот пат. Сепак, ова е само половина пат, не чека многу тешка работа на реваншот во Барселона“ – изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА