Луис Суарез повторно го запрепасти светот: Лудилото продолжува… (ВИДЕО)

Луис Суарез повторно го запрепасти фудбалскиот свет со своето однесување на фудбалските терени.

На синоќешниот дуел на Интер Мајами во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, во кој неговиот тим доживеа елиминација од Монтереј, Суарез во 41. минута при борба за позиција во казнениот простор речиси му скрш рака на противничкиот стопер Виктор Гусман.

Мексиканскиот фудбалер не можеше да се воздржи од болка поради што мораше да му биде укажана и лекарска помош. ВАР не се одлучи да ја прегледа снимката, па Суарез мина без казна.

Очигледно годините не влијаат за смирување на Суарез кој ќе се памети по неговите испади на терените. Пред се по гризењето противнички фудбалер уште од неговите настапи за Ајакс, па потоа и во Англија и во дресот на својата репрезентација.

Се вчитува...