Голманот на Црвена звезда Омри Глaзер е еден од најдобрите играчи кај црвено-белите оваа сезона. Клубот од Белград го доведе израелскиот голман од Хапоел Бер Шева со обештетување од 1.200 милиони евра, а според сајтот „Трансфермаркт“ неговата цена сега изнесува 2.800 милиони евра.
Токму ова е минималната сума што потенцијалните купувачи на Омри Глaзер треба да и ја платат на Црвена звезда. Како еден од заинтересираните за Израелецот меѓу стативите, се издвојува екипата на Севилја која ги следеше игрите на Глaзер во Лигата на шампионите.
Клубот од Андалузија оваа сезона не ги постигнува резултатите какви што сите очекуваат, предвреме го завршија натпреварувањето во Европа, додека во Ла Лига се на 14. место со само шест бода над зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА