На американскиот кошаркар и член на НБА тимот на Торонто репторс, Џонтај Портер, му се заканува доживотна забрана за настап во најсилната лига на светот поради сомневање за наместени натпревари, објави комесарот на НБА, Адам Силвер.
Џонтај Портер, помладиот брат на една од ѕвездите на Денвер нагетс, Мајкл Портер, нема играно од 22. март, а набргу потоа американската телевизија „ЕСПН“ ги објави деталите за неправилностите кои се случиле на натпреварите на кои тој играл.
По состанокот на сопствениците на клубовите во Њујорк, Силвер изјави дека последиците за Портер, доколку тврдењата се покажат како вистинити, може да бидат многу тешки.
„Најстрога санкција е да му се забрани да игра кошарка. Во местењето натпревари најголемо обвинување е дека играчот бил директно вмешан во тоа. Ништо не е поважно од кредибилитетот на самото натпреварување“, изјави Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

