Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денеска се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на Македонија и Македонскиот Олимписки комитет. На средбата присуствуваа претседателот д-р Ромел Велев и Генералниот секретар д-р Саит Саити, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Двете страни се обврзаа за остварување на заедничките цели и реализација на заедничките активности од интерес за членовите, волонтерите и поддржувачите на двете организации и јавниот хуманитарен и спортски интерес на граѓаните.
Взаемно ќе се поддржуваат и солидаризираат при организирање на јавни и спортски настани и други форми на активности кои придонесуваат кон промовирање на целите и задачите на Црвениот крст и МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА