Наградите оваа година во Евролигата, ќе се делат во зависност од резултатите. Така првакот на Европа ќе добие 1,75 милиони евра, финалистот 990.000 евра, додека на третпопласираниот му следуваат 870.000 евра. Последниот учесник во Ф4 добива 130 илјади помалку, односно 750.000 евра, пренесува порталот „Баскет Њуз“.
Петопласираниот тим ќе инкасира 700.000 евра, а секој тим под ова место би добивал 60.000 евра помалку се до екипите кои го заземаат 10. место, кое добива 41.000 евра.
Парите од наградите се гарантирани само до пласманот до 14 место, па така Партизан ако остане на 11. позиција би добил 350.000 евра.
Клубовите одамна го креваат гласот за слабите награди кои ги добиваат во Евролигата, а дали нешто ќе се промени во иднина, останува да се види.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА