Гласините за постигнат договор за превземање на Ливерпул по крајот на сезоната го налутија португалскиот стартег Рубен Аморим.
Откако Јирген Клоп го најави заминувањето од Ливерпул клубот влезе во потрага по неговиот наследник, а со оглед дека пропадна можноста за ангажман на Чаби Алонсо, премиерлигашот го сврте вниманието кон стратегот на Спортинг.
Последните денови се јавија новости дека тој веќе се сретнал со раководството на Ливерпул и ги договорил условите за превземање на тимот по 1. јули, гласини кои тој сега ги одби.
„Се немам сретнато со Ливерпул. Нема никаков разговор, нема никаков договор. Тоа е лага. Јас сум тренер на Спортинг. Сакам да победувам тука и се немам сретнато со ни еден друг клуб. Ништо не е ниту договарано, ниту договорено.
Престанете со овие приказни. Ова е последен пат да говорам за мојата иднина“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА