Херојот на Барселона во Париз, за малку ќе завршел во Динамо Загреб

Во првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ, Барселона на гостински терен славеше над ПСЖ со 3-2, и си ја отвори вратата кон полуфиналето. Херој на „Каталонците“ беше крилниот напаѓач Рафиња, кој постигна два гола, а потоа Кристенсен еден за конечен триумф на Шпанците.

Рафиња сега вреди околу 50 милиони евра, а пред шест години бил пред портите на Динамо Загреб, тврди тогашниот спортски директор на „модрите“ Марјан Влак во подкаст.

„Тоа е еден од најдобрите играчи кои можевме да ги доведеме, но не успеавме. Финансиите беа пречка, инбаку бевме во крајни преговори и можеше да се реализира. Тогаш беше во развој, играше за Виторија Гимараеш. Одлична лева нога, брзина…“, откри Влак.

Се вчитува...