Баерн ќе го продолжи договорот со голманот, иако три години не брани за „Баварците“

Германскиот голман и моментално член на Штутгарт, Александар Нибел ќе го продолжи договорот со тимот, и покрај тоа што од 2021 година не е дел од екипата. Нибел во моментов е испратен на позајмица, а во претходните две беше исто така на позајмица, но во Монако.

Нибел има само еден официјален натпревар за Баерн. Важеше за наследник на Нојер, меѓутоа засега нема ништо од тоа, и покрај тоа што има одлична сезона во дресот на Штутгарт.

Она што е исто така интересно е фактот што Нибел ќе го продолжи договорот, но ќе остане во Штутгарт до летото 2025 година исто како позајмен.

Се вчитува...