Ефес ја понижи Црвена Звезда: Турците со стил до билет за „плејин“

Анадолу Ефес ја демолираше Црвена Звезда во последното коло од Евролигата (100-55), резултат со кој двократниот европски шампион со голем стил си го запечати билетот за улество во плејин доигрувањето. Црвена Звезда беше без шанси за доигрување во Евролигата сезона, „црвено-белите“ со евентуална сензација ќе му направеа услуга на вечниот ривал Партизан, но малку време беше доволно за да стане јасно дека тоа нема да се случи.

Во првата четвртина Ефес се мачеше со нападот (15-11), но штом турскиот гигант влезе во ритам стана јасно дека вицешампионот на АБА нема шанси да го следи, предноста од минута во минута се зголемуваше и Турците на крајот триумфираа со преубедливи „плус 45“.

Елајџа Брајант беше прв стрелец на Ефес со 26 поени, 13 реализираше Отуру, додека кај Црвена Звезда најефикасни во овој меч за заборав беа Митровиќ, Недовиќ и Гидреитис со по 11 поени.

Реал во драматична завршница успеа да слави во Каунас над Жалгирис со 62-64. Нападите на двата тима беа далеку од посакуваното ниво, а победникот на крајот го реши Габриел Дек со погоден шут од тешка позиција со звукот на сирената. Муса со 17 и Хезоња со 16 поени беа најефикасни во таборот на Реал Мадрид, кој ќе ја има улогата на прв носител на почетокот од плејофот.

Монако со домашната победа над Баерн Минхен (89-885) си ја осигура предноста на домашен терен во четвртфиналето, воедно самиот пласман во плејофот на „кнезовите“ значи и автоматски билет за место во Евролигата за наредната натпреварувачка сезона. Мајк Џејмс повторно беше клучна фигура во таборот на Монако со 17 поени и 12 асистенции, Диало постигна 20 поени за домаќините, додека кај Баерн најефикасен во последниот овосезонски евролигашки меч беше Карсен Едвардс со 26 поени.

Се вчитува...