Семејството на Хари Кејн имало потешка сообраќајна несреќа во близина на Минхен, додека голгетерот на Баерн отпатувал со својот тим на гостувањето против Арсенал во Лигта на Шампионите.
Германските медиyми информираат дека несреќата се случила во Баварија, додека возилото во кое се наоѓале сопругата и трите деца на Кејн било удрено од 20-годишен возач на автомобол Рено. Причинета била значителна материјална штета на двете возила, а сообраќајот на местото на несреќата бил во прекин повеќе од два часа.
Трите деца на Кејн (Луис, три години, Вивиен, пет години и Ајви, седум години) се здобиле со повреди и морале да бидат пренесени во најблиската болница. За среќа, по деталните прегледи утврдено е дека не станува збор за ништо посериозно, по што трите деца биле пуштени на домашно лекување, придружувани од нивната мајка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

