Нејмар се повреди во дресот на репрезентацијата на Бразил изминатиот месец и како се чини за него сезоната е завршена.
Па, место да привлекува со игрите на терен, тој се повеќе го привлекува вниманието со однесувањето надвор од него. Сега во центарот на вниманието е поради однесувањето на роденденот на својата ќеркичка кое го открија разочараните фанови на Бразил кога видоа што прави за време на роденденско славје…
„Човекот е едноставно завршен. Се коцка на покер на сред роденден на својата ќеркичка“ – се коментарите на фановите.
„Некој нека му помогне… Тој ќе банкротира за три години, затоа што сите пари од Ал Хилал ќе ги потроши на коцка… Не знае да го почитува ниту моментот на својата ќеркичка“ – се бројните останати коментари на неговите фанови.
this guy neymar is absolutely finished
bro is gambling on poker in the middle of his daughters birthday 😭😭😭😭 pic.twitter.com/3bQ3MWrIty
— 🐢 (@KyKySZN) April 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

