Тренерот на Армани, Еторе Месина исто така, како и навивачите на Партизан, е разочаран и шокиран од начинот на кој Црвена Звезда синоќа загуби од Анадолу Ефес во последното коло од Евролигата.
Армани, како и Партизан, се надеваше на победа на Ц. Звезда како би имале шанси за плеј-ин во Евролигата, но белграѓани воопшто не го играа натпреварот на крај губејќи со неверојатни 45 разлика.
„По само неколку минути од почетокот на мечот во Истанбул видовме дека Црвена Звезда всушност нема да игра и се откажува од натпреварот. За мене искрено зачудувачки е како еден клуб може на тој начин да се откаже од борбата за својот дрес, за своите бои. Тоа е понижувачки за нивното име, затоа што на крајот на краиштата ништо не е поважно од својата чест, честа на својот клуб и своите навивачи. Но, ете, го има и тоа во спортот“ – истакна Месина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА