И Лесор „удри“ по Ц. Звезда: „Ова ср.ње е смешно, кармата е ку.ва“

Партизан го очекуваше исходот од мечот меѓу Анадолу Ефес и Црвена Звезда синоќа во Истанбул за да може да се надева на плејин во Евролгата. Партизан посакуваше победа на Црвена Звезда, но црвено-белите се одлучија воопшто и да не го играат мечот кој го загубија со срамни 100-55.

Сето тоа наиде на револт и кај поранешниот играч на Партизан, Матијас Лесор кој не ја пропушти можноста да удри по Црвена Звезда…

Французинот кој сезонава е член на грчки Панатинаикос смета дека начинот на кој Ц. Звезда му попуштила на Ефес секогаш се враќа во спортот.

„Ова ср*ње е смешно, мамењето никогаш нема да ви користи, кармата е ку*ва“, напиша Лесор на Твитер, како коментар на објавата на Кевин Пантер.

Се вчитува...