Олимпијакос со 3-2 славеше против Фенербахче во првиот натпревар од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. Сите три гола на домашните беа по грешка на одбраната на Фенербахче.
Навивачите на турскиот гигант сметаат дека хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е еден од најголемите виновници за примените голови, со бројни пораки на социјалните мрежи од незадоволството од партиите на Хрватот.
А, Ливаковиќ не е поштеден ниту од турските медиуми. Новинарот Емре Бол е шокиран од фактот дека Ливаковиќ е прв голман на хрватската репрезентација.
„Ливаковиќ е еден од најголемите проблеми на Фенербахче сезонава, затоа што не прави ништо од тоа што се очекува од него. Кога ќе видам какви голови прима, мора да се запрашам како е можно тој човек да е голман на хрватската репрезентација“ – вели Бол.
На него се надополнува и фудбалскиот новинар Илкер Јагчиоглу кој вели да бил досега некој турски голман сигурно ќе бил заменет на полувремето во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА