Робин Ван Перси веднаш по крајот на својата фантастична играчка кариера во 2019 година се посвети на тренерската работа. Најпрво како асистент тренер, а потоа водеше неколку младински екипи.
Но, сега се чини од следната сезона се впушта во вистински тренерски ангажман како предводник на сениорска екипа. Веќе се најавува како нов тренер на холандски Херенвен.
Холандските медиуми пишуваат дека Ван Перси се очекува да го наследи Ван Вондерен на клупата на Херенвен на кого на крајот од сезоната му истекува договорот со клубот. Спортскиот директор на клубот, Фери де Хан не сакаше да ги коментира гласините за именување на Ван Перси, кого добро го познава уште кога во раните 2000-ти години заедно играа во Феенорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

