Невиден преседан во светот на фудбалот: Европска репрезентација ќе игра на Копа Америка!?

Иако е во Азија, фудбалската федерација на Израел е членка на УЕФА од 1994 година, но за ова време ниту еднаш не се пласирале ниту на Европско, ниту на Светско првенство. Сепак, фудбалскиот сојуз дошол на една чудна идеја како да заиграат на голем турнир, па потпишале договор со КОНМЕБОЛ.

КОНМЕБОЛ е Јужноамериканската фудбалска конфедерација, која ги собира тимовите и репрезентациите од Јужна Америка, и ги организира Копа Либертадорес и Копа Америка.

„Горди сме што се приклучуваме на големото семејство КОНМЕБОЛ која ги вклучува светските прваци Аргентина и петокраните светски прваци од Бразил“, се вели во соопштението на израелското спортско здружение ИФА во изјава за „Атлетик“.

Според најавите, Израел во иднина би можел да биде учесник на едно натпреварување кое организира КОНМЕБОЛ, па дури и на КОпа Америка.

Се вчитува...