Чави повторно одговори за заминувањето: Сменете го прашањето…

Секојдневно се појавуваат информации за тренерот на Барселона Чави, кој најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Сепак, мали надеќи даваат најавите дека на Чави ќе му бидат исполнети сите услови, само тој да остане тренер.

Меѓутоа Шпанецот секогаш повторува дека неговата одлука е конечна.

„Тоа ви го кажувам на секоја прес-конференција. Ништо не се смени. Смени го прашањето, ти ја давам оваа можност“, рече Чави и додаде:

„Сега се е позитивно, сакав да ја сменам динамиката во клубот. Ништо не направив, но одлуката нема да се промени“, кажа Чави.

Се вчитува...