Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае ривалите за претстојниот Мундијал што од 19 јуни до 30 јуни летово ќе се одржи во Скопје.
Ждрепката е закажана за 13 часот, а нашата национална селекција ќе биде дел од вториот шешир заедно со селекциите на Германија, Чешка, Норвешка, Црна Гора, Јужна Кореја и Холандија.
Вообичаено за ракометните шампионати, домаќинот ќе има можност да ја избере групата во која ќе настапува, па по комплетирањето на првите три шешири македонската делегација ќе избере во која група ќе се натпреварување на 24th IHF Women’s Junior World Championship 2024 во Скопје.
По дефинирање на групата каде ќе се натпреварува македонската репрезнетација, извлекувањето ќе продолжи со извлекување на останати репрезентации од вториот шешир.
Шешир 1: Унгарија , Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија
Шешир 2: Кореа, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Македонија, Германија, Чешка
Шешир 3: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапонија
Шешир 4: Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, Америка, Алжир, Нов Зеланд, Узбекистан
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА