Фернандо Алонсо покажа апсолутна лојалност кој Астон Мартин откако шпанскиот ветеран реши да ја продолжи соработката со овој Формула 1 тим иако на маса имаше интересни понуди од тимови со кои можеше да атакува на највисок пласман.
Алонсо на 42-годишна возраст е најстариот возач во Формула 1 во моментов, тој веќе најави дека не размислува за пензија, а по кратко размислување реши да не го менува тимот, туку потпиша со Астон Мартин до крајто на 2026 година. Како што изјави самиот Шпанец по потписот на договорот, важен аспект во преговорите било тоа што болидите на Астон Мартин во себе имаат мотори на Хонда.
„Среќен сум што ќе продолжам со соработката со Астон Мартин до 2026 година и со нетрпение ги очекувам наредните предизвици. Соработката со Хонда, исто така до 2026 играше важна улога во носењето на конечната одлука. Тоа беше многу значајно за мене бидејќи отсекогаш сум ја почитувал Хонда како компанија што изработува одлични мотори за Ф-1 болидите“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА