Јувентус остана „без муниција“ против Торино во градската пресметка во Серија А, ремизирајќи без голови, па во финишот на сезоната се повеќе ја загрозува својата позиција за место во Лигата на шампионите следната сезона.
„Старата дама“ имаше желба денеска да дојде до триумф на гостувањето против Торино, но останаа нереализирани неколку убави можности во второто полувреме, пред се на Турчинот Јилдиз во 76. минута од натпреварот.
Болоња и Рома сега имаат можност бодовно да се доближат до Јувентус кој е на третата позиција на табелата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА