ВИДЕО: Каков проектил на Чуамени: Реал со еден гол од 30 метри ја освои Мајорка!

Реал Мадрид минимално со 0-1 триумфираше на гостувањето против Мајорка во 31. коло од Ла Лига, но сосема доволно за три бода и задржување на предноста на врвот од табелата.

„Кралевите“ до победата денеска дојдоа со феноменалниот гол на Чуамени, кој во 48. минута од средбата испрати од 30 метри вистински проектил кон голот на домашните.

Сега, со 78 бода се на 11 бода разлика од второпласираната Барселона.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...