Со прст му покажа да дојде во центарот на рингот па го нокаутираше за 10 секунди (ВИДЕО)

Макс Холовеј е освојувачот на БМФ појасот откако во последната секунда на жестоката борба која траеше пет рунди на УФЦ 300 викендот го нокаутираше Џастин Гејџи.

Двата противника не се штедеа од самиот почеток, но нокаутот дојде буквално во последната секунда од мечот. Холовеј беше доминантен и имаше предност, а на десет секунди пред крајот откако избегна удар на Гејџи му покажа со прст да се најдат во центарот на рингот.

Следеа десет секунди удари без одбрана, а пресуди десното кроше на Холовеј.

Се вчитува...