Спектакал во најава: Мегрегор се враќа во рингот, познато е кога и против кој ќе се бори

Само што заврши УФЦ 300 викендот, претседателот на натпреварувањто Дена Вајт официјално со нова „бомба“ го најави спектаклуларното враќање на Конор Мегрегор во рингот.

Вајт најави три големи борби. Ислам Махачев ќе го брани појасот во лесна категорија против Дастин Поире, Шон Стрикленд ќе се сретне со Пол Коста, додека по три години пазуа Мегрегор ќе влезе во рингот со Мајкл Чендлер.

Мегрегор последната борба ја имаше пред три години кога претрпе пораз со медицински прекин од Поире поради скршена нога. Во меѓувреме Ирецот се занимаваше со приватните бизниси и влезе во актерството глумејќи во фимот „Роунд Хаус“, а сега на 35-годишна возраст ќе и се врати на професијата која го прослави.

Борбата помеѓу Мегрегор и 37-годишниот Чендлер ќе се одржи на 29. јуни на УФЦ 303 во Лас Вегас.

Се вчитува...