Турскиот прволигаш Бешикташ го отпушти и шестиот тренер во сезоната доколку се земат во предвид и привремените тренери. Од клупата заминува легендарниот португалски стратег Фернандо Сантош кој доби отказ по ремито од 1-1 против Самсунспор.
Сантош кој седна на „жешкото столче“ на Бешикташ во јануари оваа година не успеа да најде победнички ритам на својот тим во последните пет натпревари што резултираше со нова промена.
„Црно-белите“ сезоната ја започнаа во Валери Исамел, а по него оваа улога ја вршеа и Шенол Гунеш, Бурак Јилмаз, Риза Чалимбај и Сердар Топрктепе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА