Телохранителот на Меси како Болт: Со полн спринт на теренот сред игра спречи фан (ВИДЕО)

Лионел Меси и неговиот Интер Мајами им се вратија на победите во МЛС првенството откако славеа на гостувањето кај Спортинг Кензас Сити со 2-3 пред 72.610 домашни навивачи.

Аргентинецот ја затресе мрежата, а имаше и асистенција при првиот гол на својот тим, но се чини дека далеку повеќе работа имаше неговиот телохранител, Јасин Чеуко со оглед на тоа што во текот на натпреварот три пати фановите влетуваа на теренот за фотографија со Меси.

Во текот на судиското продолжение Чеуко примети како од зад голот фан влетува на теренот во правецот на Меси па интервенираше со полн спринт сред игра и стана хит на социјалните мрежи каде во коментарите го споредија со Јусејн Болт од најдобрите денови.

Се вчитува...