Иднината на Лука Модриќ останува непозната и при самиот крај на сезоната. Хрватскиот виртуоз има договор со Реал Мадрид до крајот на месец јуни по што ќе биде слободен да ја бира новата сезона, а дали тоа ќе биде останување во Мадрид, преселба во САД или Саудиска Арабија, или пак враќање во татковината ќе биде познато откако ќе завршат сите натпревари на „кралскиот клуб“, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.
Според италијанскиот новинар Модриќ е потполно фокусиран на крајот на сезоната и ловот кон најмалку уште една титула со Реал Мадрид, титула која би го изедначила со рекордерот Марсело со по 25 освоени трофеи.
Модриќ оваа сезона добива шанси најчесто од клупата за резерви, што е јасно со оглед на неговите години и играчите со кои располага Реал Мадрид, а не се очекува овој став на шпанскиот клуб да се промени и во иднина доколку тој одлучи да го продолжи договорот.
А, пак доколку цели кон минутажа и настап во европските натпреварувања и го занемари финансискиот аспект кој го нудат клубовите од САД и Саудиска Арабија, тогаш најверојатна опција се камбек во редовите на Динамо Загреб од каде премина во Тотенхем во 2008 година. Актуелниот шампион на Хрватска веќе започна кампања за враќање на еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата на „Максимир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА