Фросиноне стигна до огромен бод во 32. коло од Серија А откако на гостински терен ремизираше со 2-2 против Наполи.
Наполи поведе уште во 16. минута преку фантастичниот удар на Политано, а предноста од еден гол на полувреме неаполитанците ја задржаа благодарение на голманот Мерет кој во 30. минута го одбрани лошо изведениот пенал на Суле.
Нападите на Фросиноне се исплатеа во 50. минута кога Чедира ја искористи грешката на Мерет за лесен гол, но радоста на гостите траеше само 13 минути пред Осимен да ја искористи својата шанса од пред метро од голот на противникот. Во 73. минута Чедира го постигна и својот втор гол во шестнасетникот, а истиот му донесе значаен бод на неговиот тим во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА