Барак Бакхар кој на почетокот на сезоната 2023/24 ја превзема Црвена Звезда, но замина поради лошите резултати најде нов ангажман. Израелецот се враќа во поранешниот клуб Макаби Хаифа на големо задоволство на српскиот клуб кој повеќе не треба да го исплаќа.
Израелскиот стратег имаше загарантиран тригодишен договор вреден 4.5 милиони евра, односно 1.5 милион евра на годишно или 125 илјади евра на месечно ниво кој бараше да биде исплатен во целост по раскинот на соработката.
Белграѓани го исплаќаа поранешниот тренер во последните три месеци, но со новиот ангажман престанува оваа должност. На среќа на Црвена Звезда дополнителниот трошок за Израелецот изнесуваше „само“ 375 илјади евра, а не милионска сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА