За малку да се повтори историјата на Ливерпул – Ван Дајк се сопна исто како Џерард (ВИДЕО)

Ливерпул при самиот крај на сезоната во Премиерлигата одново е во битка за титула, но за заминување на Јирген Клоп од клупата на „црвените“ со трофеј потребни се што повеќе бодови во следните натпревари.

Засега 33. коло не е во полза на Ливерпил кој од 14. минута во натпреварот против Кристал Палас има негатива од 0-1. А, лесно можеа гостите да имаат и водство од два гола на „Енфилд“ со оглед на катастрофалната грешка на капитенот Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот во 16. минута го повтори потегот на Стивен Џерард од 2014 година кога во натпреварот против Челси се сопна на средина на теренот, а голот на Ба беше пресуден за титула. За среќа на Ван Дајк, овој пат Робертсон беше брилијантен, остана мирен во ситуација кога беше совладан и голманот Алисон и обидот на Матета го расчиси од самата линија.

Се вчитува...