Циципас преку Руд до трета титула во Монте Карло

Стефанос Циципас го освои трофејот на мастерсот во Монте Карло откако во големото финале славеше против Каспер Руд со 2-0. За грчкиот тенисер тоа е трета титула во „Кнежевството“.

Циципас одигра фантастичен прв сет добивајќи го со 6-1 за само 37 минути игра, а и покрај тоа што норвешкиот тенисер успеа да одигра далеку подобро во вториот сет, успеа само да го ублажи поразот со 6-4.

Се вчитува...