Кошаркарите на Партизан, Џејмс Нанали, Костас Слукас од Панатинаикос и Маркус Хауард од Басконија рамоправно ја поделија наградата за најкорисен играч на 34. коло од регуларниот дел во Евролигата.
Тројцата постигнаа индекс на корисност од 27 со тоа што Нанали постигна 19 поени, 4 асистенции и 2 скока во победата на Партизан над Валенсија, Хауард постигна 34 поени и 3 асистенции во победата на Басконија над Виртус, додека Слукас реализираше 16 поени, 7 асистенции и 4 скока во триумфот на Панатинаикос над Алба.
It’s a triple star ending to the season ☘
Kostas Sloukas, James Nunnally, and Markus Howard are tri-MVP’s of Round 34 👏
‘MVP of the Round’ I @PaniniAmerica pic.twitter.com/Y7JMgD9czj
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА