Куманово стигна до значајна победа во битката за опстанок во елитното друштво на македонскиот ракомет откако во 9. коло од плеј-аутот славеше на домашен терен со 29-23 против директниот противник за една од првите две позиции на табелата, Еурофарм Пелситер 2.
Куманово го назначи текот на натпреварот уште од самиот старт кога отвори со 3-1 за како што одминуваше првото полувреме дополнително да ја зголемува предноста која по 30. минути игра изнесуваше 14-9. Домаќинтие продолжија да го диктираат темпото и во вториот дел од средбата, во еден момент имаа и +9 (22-13) за мирен финиш и седма победа.
Радојиќиќ со осум гола го предводеше Куманово, а него го следеа Костов и Радичевиќ во по шест. Хаџич постигна пет голови за Еурофарм Пелситер 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА