Најавеното заминување на Јирген Клоп од клупата на Ливерпул на крајот на сезоната ќе означи крај на една ера на „Енфилд“, а кој тренер ќе ги предводи „црвените“ во новата останува непознато.
Откако германскиот стратег ја соопшти неговата одлуката во медиумите се шпекулира со повеќе имиња започнувајќи од големата желба Чаби Алонсо, кој сепак отпадна како опција, преку Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон кој јавно изјави дека не водел разговори за превземање на клубот па се до ново изенадувачко име.
Станува збор за храватскиот стратег Нико Ковач кој по завршување на епизодата во Волфсбург посакува да предводи тим од Премиерлигата. Според англиските медиуми неговите агенти веќе разговарале со неколку клубови од елитното фудбалско натпреварување на „Островот“, а еден од нив е токму Ливерпул.
Ковач тренерската кариера ја започна во младинската репрезентација на Хрватска, а преку сениорската се врати назад во Германија каде ги предводеше Ајнтрахт Франкфурт и Баeрн Минхен пред да премине во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА