Кошаркарите на Оклахома го осовија првото место во Западната конференција на последниот ден од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Од местото број два Денвер ќе ја започне одбраната на титулата, додека од трите тима кои претендираа за првото место загуби само Минесота па во плеј-офот ќе влезе од третото место.
Оклахома триумфираше над резервниот тим на Далас кој и претходно ја осигура петтата позиција на табелата, Денвер славеше кај немотивираниот Мемфис, додека победата на Феникс над Минесота го осигура шестото место за Санс и воедно го комплетираше истиот пат во првата рунда од разигрувањето.
На последниот ден од регуларниот дел од сезоната се водеше и битка за предост на домашен терен во натпреварот од плеј-инот помеѓу деветтиот и десеттиот, а Сакраменто со победа на Портланд осигураа предност пред Голден Стејт.
Резултати: Мемфис – Денвер 111-126, Оклахома – Далас 135-86, Сан Антонио – Детроит 123-95, Сакраменто – Портланд 121-82, Минесота – Феникс 106-125, ЛА Клиперс – Хјустон 105-116, Голден Стејт – Јута 123-116, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 108-124.
Плеј-оф парови:
Оклахома Сити (1) – Плеј-ин 8
Денвер (2) – Плеј-ин 7
Минесота (3) – Феникс (6)
ЛА Клиперс (4) – Далас (5)
Плеј-ин парови:
Њу Орлеанс (7) – ЛА Лејкерс (8)
Сакраменто (9) – Голден Стејт (10)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА