Претседателот на Франција, Емануел Макрон го започна одбројувањето од 100 па назад до почетокот на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во главниот град Париз.
Очекувањата се дека овие Олимписки игри ќе останат забележани во историјата како први кои ќе бидат отворени на отворено со тоа што планот е церемонијата да биде покрај реката Сена. Но, бидејќи постои претпазливност од терористички напад, претседателот Макрон откри дека постојат и план „Б“ и „В“.
„Церемонијата на отварање покрај река на еден главен град кој ќе се одржи на 26. јули и ќе биде прва во светот. Тоа можеме да го направиме и ќе го направиме. Но, постојат планови „Б“ и „В“ за кои паралелно ќе се подготвуваме.
Ќе направиме анализа на ризик во вистинскиот момент така што церемонијата може да биде ограничена на само еден дел од реката Сена, а постои и варијанта да се вратиме на стадионот „Стад де Франс“ на класично отварање“, изјави Макрон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА