Манчестер Сити е на добар пат да ја повтори успешната сезона 2022/23 во која за прв пат во историјата ја освои „тројната круна“. „Граѓаните“ по победата од 5-1 над Лутон и поразите на Ливерпул и Арсенал избија на првото место во Премиерлигата, а имаат и 3-3 во четвртфиналната средба против Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.
Следниот предизвик за избраниците на Пеп Гвардиола е токму „кралскиот клуб“ и тоа на домашен терен, а подготовките за овој натпревар се одвиваат на посебно ниво, пренесуваат англиските медиуми.
„Тhe Sun“ откри детали од подготовката на Џек Грилиш, 117 милионското засилување кој секоја вечер пред спиење поминува низ посебен десетминутен третман со сауна на температура од 110 степени со цел да ги исфрли токсините од телото по што следи и десетминутен одмор на отворено во вилата која ја поседува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА