Рубљев: Надал ме растури на тренинг

Тенискиот свет го очекува враќањето на Рафаел Надал на терените, во првото коло на АТП турнирот во Барселона.

Дел од подготовките за настап во Барселона, Надал ги минува и со рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој во изјава за медиумите открива дека бил едноставно „разбиен“ од ветеранот на тренинг-мечевите.

„Убаво е да се тренира со Рафа, иако е навистина неверојатен и не ви дозволува да дишете. Не знам точно, но на нашите тест мечеви, или тој ме ‘разби’ или јас сам се ‘убив’. Тешко е да се прифати дека ова беше можеби еден од последните наши тренинзи заедно или пак еден од последните турнири. Многу пати докажа дека знае да се врати од невозможни ситуации, па затоа е тешко да се замисли ова сценарио“ – вели Рубљев, кој потврди дека загубил со 6-1 од Надал во меѓусебниот тест-сет.

Рафаел Надал на стартот на турнирот во Барселона ќе игра против Флавио Коболи од Италија кој во моментов е на 62. место на АТП рангирањето.

Се вчитува...